Изјава за медиуми, Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров
Почитувани
Измина една година која во локалната историја ќе биде запишана како најнеуспешна за развојот на Ѓорче Петров. Празни страници и лажни ветувања.
Градоначалникот Стојкоски време е да се фати за работа и да се потсети што се вети само пред една година.
Да го потестиме, дека веднаш требаше да отпочене со градба на две нови градинки во Урбана Заедница Ѓорче Петров и Стопански Двор, ништо не е започнато.
Наместо да се слика пред депонијата која само ја затрупаа со Арсовска и започнаа градежни зафати без никакви дозволи и документи, да се сврти наоколу и да види Ѓорче како е претворено во една огромна депонија. Да ги засади ветените милион дрвца и да ги врати зелените површини.
Ветуваше дека жителите на руралниот дел ќе добијат уште едно поврзување од населбата Даме Груев до Волково, преку Ново село и Стопански двор, но за жал не закрпи ниту една дупка.
По се изгледа дека мисловна именка ќе останат и оние два кружни тека кои ги вети Стојкоски, на западниот влез на општината и крстосницата кај Корзото, кое нема доблест ниту да го одржува.
Празно и лажно ветување е и уредувањето на кејот на Вардар со спортски и рекреативни содржини. Повторно, ништо од тоа!
Замислете ова му беа приритетите, а за 12 месеци успеа да реализира едно големо НИШТО, со образложение дека во буџетот нема пари за напредок на Ѓорче.
Но сепак, Стојкоски најде 10 милиони денари за партиски вработувања, а како свој најблизок си го вдоми и старосватот. Нема за субвениции за велоспипеди и тротинети, но има за бајадери, чоколади, пијалоци и патувања. Нема за канализација, водовод и асфалт, но има 100 илјади евра за доопремување на новата општинска зграда и удобна фотеља во новата канцеларија.
Наместо паркови и содржини за спорт, донесе ДУП во Дексион со 50 нови згради.
Ветуваше дека приоритет му е образованието и училишната инфраструктура, но единствено што побрза е под присила и закани да ги замени директорите и да постави луѓе од штабот на ДПМНЕ.
Господине Стојкоски, единствено вие сте одговорен за оваа состојба во Ѓорче Петров. За овој срам и регрес што ни се случува. Ѓорчепетровци не заслужуваат ваков третман и бараат нивните пари да завршуваат во проекти, а не за вашите партиски интерси.
Убедливо, Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник досега.