За една година оваа неспособна локална власт не успеа да постави ниту едно метро асфалт низ улиците во Ѓорче. 12 месеци не видовме никакви градежни активности, механизација, ниту пак финален проект. Ѓорче е ставено во “лер“ а проблемите се трупаат. Општинскиот татко нема абер дека е поставен на фуккција за да ги решава проблемите и подобрува животот на своите сожители.
Се поизвесно е дека нема ништо ниту од поврзувањето на населбата Даме Груев со Волково преку Стопански Двор и Ново Село. Ова е уште еден пропаднат проект на ДПМНЕ. Стојкоски кој во отчетот се пофали со 20-те улички кои ги асфалтираше Град Скопје предвиде оваа сообраќајница да ја гради заедно со Арсовска. Но високата политика и алчонста по народни пари им ги помати плановите.
Г-не Стојкоски од вашата програма имате релизирано апсолутно ништо. Пред вас се 3 години многу работа и многу проблеми. Визијата од Ѓорче без кал експресно ја променивте во Ѓорче со кал. Водите по неупешност и ја доведовте општина Ѓорче Петров на најниско дереџе.