Прес-конференција, Петар Петковски од СДММ
Почитувани,
За 14 месеци градска власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, главниот град потона во хаос и безидејност.
Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба, а од деновива Скопје повторно е еден од најзадените градови во светот.
И покрај аларматната состојба, градот не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните.
Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем.
Напротив, се што градската власт на ВМРО-ДПМНЕ прави во овие 14 месеци не е спречување туку поттикнување на загадувањето.
Во оваа година трократно се намалени средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица.
Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.
Центарот на Скопје, како и многу урбани населби во неговото опрукужувае се преплавени со смет и ѓубре.
Сето тоа е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се интересира само провизиите и рацете во медот, но не и потребите на граѓаните и на Град Скопје.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци.