fbpx

Скандал во општина Гази Баба, Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ со две плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Влатко Митовски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба

Почитувани,

Скандал на расипничко трошење на народните пари за исплаќање на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ ја тресе општина Гази Баба.

Секретарката на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски, познат кадар на ВМРО-ДПМНЕ, освен што добива плата за нејзината позиција, си обезбедиле дополнителен приход од буџетот на Општината.

Освен што е секретар на општината, Стаменковска е и проектен координатор на проект што општината го добила преку Еразмус програмата.

За тоа постои и договор за дело од една страна потпишан од градоначалникот Бобан Стефковски а од друга страна секретарот на општина, Невенка Стаменковска но овој пат потпишана како давател на услуги.

За овој ангажман Стаменковска ќе добива по 9.000 денари месечно до 31.01.2024 година.

Но она што е уште поинтересно, е фактот што Договорот е заверен во месец април оваа година, а ангажманот е почнат во февруари, па таа веројатно добила пари и ретроактивно за месеци за кои немало потпишано договор.

Почитувани,

Во овој случај постојат сомневања за судир на интереси, но и за злоупотреба на службената положба, па затоа ги повикуваме надлежните институции да постапат по овој случај.

Ова е доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата партија која знае само за пљачкање на граѓаните, вдомување и богатење на партиските кадри, додека општината тоне во безидејност и бесперспективност.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за расипничко трошење на народните пари и дејствување на штета на интересите на граѓаните.

Последни вести