fbpx

Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година, лага #4: Фабрика за автобуси во Скопје со 500 вработени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Христијан Мицкоски цела 2022 година ги лажеше граѓани.

Под заложништво на Димитар Апасиев и Левица, Мицкоски лажеше за македонскиот јазик, ја плашеше јавноста со асимилација и бугаризација.

Како шпицен градоначалник Мицкоски лажеше за набавка на 100 еколошки автобуси за потребите на Град Скопје.

Оваа лага тој ја прошири со најава за отворање на фабрика за производство на електрични автобуси.

„…со сите потенцијални снабдувачи се разговара и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси и вработување на минимум 500 луѓе…“ рече Мицкоски во март оваа година на партиски настан.

Исто како и стоте автобуси, денес ја нема ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше.

Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ не функционира ниту постоечкиот јавен превоз.

2022 година покажа дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се неспособни, а дека на Мицкоски не може да му се верува.

Последни вести