fbpx

Се потврди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Данела Арсовска – Левица во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје

Почитувани граѓани, драги скопјани,

Вчера маските паднаа, и се потврди коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левица во Советот на Град Скопје.

Усвојувањето на нефункционалниот буџет на Град Скопје за 2023 година на вчерашната седница од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е чист доказ дека изминатите неколку месеци бевме жртви на исценираната театарска претстава на ВМРО-ДПМНЕ и Данела.

Советниците на СДСМ не го поддржаа Буџетот и беа воздржани, затоа што не е соодветен за потребите на граѓаните и проблемите на скопјани остануваат.

Се потврди она што го говориме, се потврди вистината. Коалицијата на мнозинството во Советот е коалиција на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, Данела Арсовска и Димитар Апасиев.
Вистинските кавги им се очигледно само за тендери и раце во медот.

Обидите да се дистанцираат од Арсовска, да го вмешаат СДСМ беа само обид да побегнат од одговорноста за катастрофата што му ја направија на главниот град и тоа за само една година.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не работат ништо.

Нема бегање од одговорноста ниту од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на Левица, ниту на Мицкоски.

Почитувани скопјани,
Хаосот со јавниот превоз, тоа што нема автобуси, што не возат приватниците, што ЈСП тоне во долгови е поради коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска и Левица.

Тоа што во Скопје цела една година не се презема ништо за загадениот воздух додека граѓаните се гушат е одговорност на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што нема ниту еден реализиран проект, што сите капитални проекти од витално значење за Скопје стојат цела една година е поради ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со Арсовска и Левица.

СДСМ останува на страната на граѓаните, како опозиција и во Советот ќе продолжи жестоко да се противи на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.


Последни вести