fbpx

Успешните економски политики даваат резултат, 2022 година заврши со 430 милиони евра инвестиции во ТИРЗ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Ефикасните и одговорни економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, македонската економија и во време на светска криза е развојна и конкурентна.

2023 година ја започнуваме со нова инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона во Штип.

Станува збор за компанијата „Магна мехатроникс“ која ќе инвестира 40 милиони евра, а во чија фабрика ќе се вработат околу 600 луѓе.

Оваа компанија веќе има една фабрика во Струга, а проширувањето на нејзините капацитети е показател за исправноста и успешноста на економските политики на СДСМ.

Благодарение на таквите политики, само минатата година во ТИР зоните во државата се инвестирани 430 милиони евра и се отворени 2.300 нови и добро платени работни места.

Минатата 2022 година, бележиме рекордно највисоко ниво на извозот од ТИР зоните од 3,7 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2021 година.

Сето ова е показател за ефектот на странските директни инвестиции врз домашното стопанство, но и доказ за конкурентноста на македонската економија.

Преку економските политики и во најкризната година во Европа по Втората светска војна, успеавме да ја задржиме економската стабилност, да поддржиме отворање на нови работни места, но и да ја зголемиме минималната, како и платите во многу сектори.

Продолжуваме со одговорен, домаќински пристап во економијата, 2023та ќе биде година на економски пресврт.

Последни вести