fbpx

Не смее да има никаква амнестија за 27 април

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Прашање: Ваш став околу иницијативата за амнестија на осудените од 27 април која е доставена од група адвокати до Собранието?

Одговор: Одговорност за насилството од 27 април мора да има. Насилниците мора да одговараат и да излезат пред лицето на правдата, оттука ние сме против било каква поддршка за амнестија за насилството од овој најцрн ден во Република Северна Македонија, поточно најцрн ден за демократијата во нашата држава.

Каква порака би пратила амнестијата, дали тоа ќе значи дека се отвара можност во иднина некој одредени политички структури повторно да превземат вакви активности. Затоа уште еднаш повторувам ние сме против било каква амнестија на насилниците од 27 април.

Последни вести