Прес-конференција, Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ
Почитувани граѓани,
За разлика од лажните вести на опозицијата, владата на СДСМ, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, знае и покажува како се води државата во развој и одржливост.
Тоа најдобро го знаат земјоделците, кои го имаат највисокото место во приоритетите на нашата политика.
Во еден ден, на сметките на околу 24.000 земјоделци кои одгледуваат житни култури, исплатени се близу седум милиони евра основни субвенции.
Со ова, се стимулираат над 100.000 хектари земјоделска површина со поледелско производство.
За 2023 година, владата предводена од СДСМ издвои над 200 милиони евра наменета за директна помош и инвестиции во земјоделството.
Минатата недела, во пресрет на празникот Свети Трифун беа исплатени близу 10 милиони евра кон 15.000 лозари.
Нашата мисија да имаме стабилен и развиен земјоделски сектор продолжува. СДСМ останува да биде искрен партнер на земјоделците.
Благодарам.