fbpx

Зајакнато парламентарно мнозинство од 65 пратеници, за реформи, за мерки и политики за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Христијан Мицкоски и неговите пратеници во Собранието, доживеаја нов дебакл.

Бадијала пратениците на ВМРО-ДПМНЕ десет дена со јалови дискусии и меѓусебни реплики го кочеа изборот на нови министри во Владата.

65 пратеници За и ниту еден Против, ниту еден Воздржан ги изгласаа новите министри, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство.

Пропаднаа во вода лагите на заложникот на Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски дека кон крајот на февруари тој ќе обезбедел 61 пратеник за распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори.

Не само што нема ново парламентарно мнозинство, туку ниту еден од пратениците не смогна сили да гласа против предлозите што ВМРО-ДПМНЕ десет дена ги критикуваше.

Сето тоа покажува дека нивната цел била само одолговлекување на изборот, за да се попречи работата на министерствата и да се пролонгира нивниот најнов пораз во Собранието.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и неговите пратеници се водат исклучиво од личните, политички интереси, додека воопшто не им е гајле за интересите на граѓаните и државата.

Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги.

Тоа зајакнато парламентарно мнозинство предводено од СДСМ продолжува со реализација на реформите, на мерките и политиките што се во интерес на државата и граѓаните.

Последни вести