Почитувани,
Скандалозен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се попречи работата на МВР и на МОН во дополнителните мерки за справување со дојавите за бомби во училиштата.
ВМРО-ДПМНЕ е во целосно заложништво на радикалната Левица и наместо да ги поддржи институциите, наместо да помогне, одмага. Секогаш, во клучни моменти.
Повикот и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Весна Јаневска против новите протоколи значи поткопување на напорите на надлежните институции во справување со хибридните напади.
Нашата земја е под постојани хибридни закани по почеток на воената инвазија врз Украина.
Исто како и во другите држави од регионот, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија. Но, во ниту една од овие држави не беше забележана ваква неодговорност на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ директно застанува зад хибридните напади чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните.
Се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ со своите деструкции само бара начин да се доближи до радикализмот на Левица, да го надмине и да и предизвика штета на сопствената земја.
Ваквото неодговорно, ќе повторам скандалозно однесување е на директна штета на учениците и на образовниот процес и тоа мора да запре.
Државата согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам соодветно одговара на овие хибридни напади како и секоја друга држава.
Надлежните институции, пред се Министерството за внатрешни работи и за образование, работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава на учениците.