Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Прашање: Кој е вашиот став за предлозите на Мицкоски за промени во Уставот?
Одговор: Со започнување на процесот во Собранието ќе се отвори јавна расправа, преку работни групи каде може и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат свои предлози, овој процес мора да биде инклузивен, транспарентен за да дојдеме до најдобрите предлози и решенија за промените во Уставот, со цел да го продолжиме европскиот пат на нашата држава.