fbpx

Катастрофа во Скопје, ете што се случува кога Мицкоски ќе добие власт во градот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Васко Кичевски, претседател на градска организација на СДСМ Скопје

Почитувани,

Една и пол година во Град Скопје владее хаос и неспособност од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Бројни важни проекти се стопирани како што е реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на улицата Есенинова и мостот на булевар АСНОМ, а клучката и кружниот тек кај Момин поток се градат далеку поспоро од предвиденото темпо.

Но затоа забрзано се одвива партизацијата на градската администрација и постојаната смена на директори на јавните градски претпријатија и установи.

Нема нови проекти и решенија, нема крупни градежни зафати, но затоа од страна на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ има кавги за тендери и провизии и популистички иницијативи да се врати споменикот на Ќосето – симболот на режимот на Груевски.

Ете што се случува кога шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски ќе ја добие власта во градот.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје.

И тогаш и сега на ВМРО-ДПМНЕ потребите на граѓаните им се на последно место, а личните и бизнис интерес им се пред сѐ.

Арсовска и другите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните и најнеуспешните градоначалници досега.

Последни вести