Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Со недели ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бараа Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега, молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува.
Наместо дебата и конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за цената, за роковите за изградба на делниците.
Тоа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да ја одложи реализацијата на проектот, изградбата да трае подолго, а државата да плати 150 милиони евра повеќе.
Изградбата на коридорите е најголема инвестиција во инфраструктурата во историјата на државата во вредност од 1.3 милијарди евра каде ќе се изградат 110 километри автопатски делници на коридорите 8 и 10Д.
СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокада на овој капитален проект и нема да дозволивме при неговата изградба да се повтори хаосот од автопатот Кичево – Охрид.
Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.
На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично.
Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.
Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.
Изградбата на овие коридори, носи економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно.