fbpx

Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ да закаже вонредна седница на Советот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани новинари, почитувани граѓани

Хаосот и економската катастрофа што му се случуваат на Град Скопје се директна последица од неодговорноста и неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

Се потрошија над 100 милиони евра народни пари и денес, Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот а ВМРО-ДПМНЕ мува не ги лази поради таквата состојба.

И ова не е најстрашното што може да му се случи на Скопје, ако дојде до банкрот тоа ќе значи целосен распад на системот на Градот.

Банкрот ќе доведе до нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација.

Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.

Хаосот во градот кулминира а жителите на Скопје со право се лути и разочарани.

ВМРО-ДПМНЕ повторно му приредува нова катастрофа на главниот град.

Последни вести