Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
Одговор :Како што најави претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски очекуваме во наредните 10 дена да се случи средба.
Време е за одговорност пред граѓаните и европската иднината на државата од сите партии, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ.
Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат на земјата.
Исклучително е важно тоа да се случи до крајот на оваа година, така да секако наредната година е изборна година.
Очекуваме Мицкоски да ги среди своите ставови и да каже што одлучил: ЕУ или Левица.