fbpx

Муцунски злоупотребува деца од градинка за партиско политички цели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Љупчо Недески, советник во Советот на Општина Аеродром

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Неодговорното и скандалозно работење на Тимчо Муцунски во општина Аеродром предизвикува сериозни последици и негативно влијае врз најмалите, децата.

Последен пример за тоа е вчерашниот настан, каде на т.н. „приредба“ деца од градинка од Аеродром се злоупотребени за партиско -политички цели, изведувајќи песни несоодветни на нивната возраст како: „Нешто ќе те питам бабо“, и извикувајќи пароли „Смрт или Слобода“.

Овие историски пароли и песни, сметаме дека не се педагошко погодни за нивната возраст и може негативно да влијаат по нивниот воспитно -образовен процес и психолошки развој.

Но дали Муцунски свесно ги злоупотребил децата и негативно влијае врз нив? Дали партиската идеологија му е поважна од правилниот воспитно -образовен процес?

Муцунски е повикан пред граѓаните да даде одговор дали овој настан е во негова организација, лична, или како градоначалник?

Но дали, и покрај негативното мислење на членовите на Управниот Одбор на детската градинка, дека ваквата содржина не треба да се изведе на прирдба, истата Муцунски ја занемарил и содржината ја извел на друга локација со дечиња од истата детска градинка?

Воедно очекуваме да реагираат и надлежните институции и сите загрижени граѓани на ваквото скандалозно и целсоно неодговорно постапување на Муцунски, наштетувајќи диретно по нашите деца.

Последни вести