fbpx

Мицкоски сака да руши уставен поредок и лично тој да дели правда ама нема да може

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Овие денови случјот Феникс уште еднаш го потврди криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, но го потврди и вистинското лице на Христијан Мицкоски.

Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ и се става над законите, над Уставот.

Со неговите изјави Мицкоски застана против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон.

Ниту е Мицкоски над Уставот ниту е Мицкоски над Законот.

Македонија е демократско општество и се почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции а не на волјата на поединци.

Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не?

Може Мицкоски да се замислува што сака но ниту е судија, ниту обвинител.

Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува.

Желбата на Мицкоски нема да може да се оствари, ние тоа нема да го дозволиме.

Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се врати. Досега требаше да му бидеа јасно.

Прво што требаше да направи Мицкоски е да се извини и јавно да се огради од криминалците во сопствените редови, пред се за Скопје 2014 и 27-ми април а потоа и за другите случаи.

Една треба да му биде јасно, секој што го прекршил законот мора да се соочи со правдата и со одговорноста.

Последни вести