Изјава за медиуми, Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на Жени на СДСМ
Почитувани граѓани! Почитувани медиуми!
СДСМ го реафирмираше ставот на партијата даден пред граѓаните на Босилово, Василево и Ново Село, во однос на постапката за отворање на рудник во Иловица и склучувањето на договорот за концесија од страна на Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник.
Ставот на СДСМ по однос на отворањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион!
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отварање на рудник во Иловица, без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското.
Струмичкиот регион е земјоделски крај. Струмичкото плодно поле е извор на егзистенција на илјадници семејства. Владата преку политиките и програмите на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство покажа и докажа како треба да се поддржи земјоделието и земјоделците.
Имаме 100% успешна спроведена ИПАРД 2 програма во државата и први во регионот започнуваме со спроведување на програмата ИПАРД 3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој.
Тоа значи дека кога станува збор за земјоделието и здравјето на граѓаните, нам како СДСМ тоа ни е највисок приоритет.
Почитувани граѓани!
Владата во координација со премиерот и министрите ќе ја преиспитат Одлуката за спојување на двете концесии и ќе побарат дополнителни информации од надлежното министерство.
Заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на земјоделието се приоритети на СДСМ.