fbpx

Ги ограничивме каматите и ги намаливме трошоците за брзите кредити, ставаме крај на должничкото ропство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната седница донесе бројни важни закони за граѓаните.

Ставаме крај на должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници наши сограѓани.

Со измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување ја ограничивме каматата која повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг.

Тоа значи дека повеќе нема да има ситуации каде за долг од 1.000 се враќал и до 10.000 денари.

Го намаливме и рокот за застарување на долгот од 10 на 5 години.

Донесовме измени и на Законот за финансиски друштво, со што ги регулираме и таканаречените брзи кредити, каде трошоците за еден таков кредит не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот.

Со овие измени, го штитиме интересот на граѓаните кои долго време бараа регулирање на оваа материја.

И додека ние од СДСМ и од партиите од парламентарното мнозинство ги носевме овие законски измени, пратениците од ДПМНЕ и Левица не дадоа поддршка и не гласаа за нивно усвојување.

Со тоа уште еднаш покажаа дека за нив најважни се блокадите и деструкциите, дека интересите на граѓаните им се последно место.

Ние, како пратеничка група, како парламентарно мнозинство ќе продолжиме да работиме посветено, да носиме одлуки и решенија кои што го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Последни вести