fbpx

Побрзо членство во ЕУ за нови перспективи за младите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Никола Јакимовски од СДММ

Почитувани,

Гласот за европска иднина во македонското Собрание, е глас за младите, глас на иднината.

Денеска, на Меѓународниот ден на младите нашата порака е јасна: време е за одлука- побрзо членство во ЕУ за нови перспективи за младите.

Сите пратеници имаат обврска пред идните генерации да ја обезбедат европската перспектива со усвојување на уставните измени.

Затоа што младите немаат време за губење.

Младите сакаат сигурна иднина во европска држава.

Секоја надеж за подобар животен стандард и подобро владеење на правото зависи од пристапувањето во ЕУ.

Членството во ЕУ не е само стратешка цел, тоа има суштинско значење за младите.

Затоа што со членство во ЕУ младите добиваат огромен број можности. Подобро образование, фер шанса, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард, подобри услуги…

За младите ЕУ не е само економска унија, таа е, исто така, заедница на заеднички вредности, социјална правда, солидарност и почитување на различностите.

Пред граѓаните и пред државата е историска шанса која мора да се искористи во името на младите.

Ние, младите социјалдемократи, сме горди носители на прогресивната идеја за европската иднината на земјата и напредокот на македонското општество.

Но, сите младински подмладоци на сите релевантни политички партии треба да бидат гласни и да придонесат за забрзано членство во ЕУ.

Не смеат да дозволат младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго.

Не смеат да дозволат нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши.

Време е за остварување на генерацискиот сон да бидеме рамо до рамо со нашите европски врсници.

Време е за одлука. Побрзо членство во ЕУ за нови перспективи за младите!

На сите млади им го честитам 12-ти август, меѓународниот ден на младите.

Последни вести