Одговор на новинарско прашање, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Одговор: Стравот а слободно би рекла и паранојата којашто ја искажува Мицкоски во однос на некакви светски заговори јасно покажува дека станува збор за еден антиевропски политичар.
Имено тој по ништо не се разликува од неговиот претходник Никола Груевски. Сосема е свесен дека реториката што ја искажува изминатите денови, а тоа значи реторика против ЕУ и против НАТО, ќе ја остави Македонија уште најмалку 11 години во изолација.
Најпрво зборуваше за некакаква бугаризација и асимилација, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат. Овие денови ни стана јасно дека не можеме да зборуваме за никаков бугарски диктат па затоа сега тој ја менува реториката и зборува за некакви притисоци и светски заговори против него и неговата партија.
Тој едноставно има капацитети да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат.
Меѓутоа тоа укажува само на неговите лични фрустрации, на неговата лична состојба којашто е далеку од реалноста бидејќи е сосема јасно дека Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународниот фактор и има пријатели како што никогаш досега немала.