fbpx

Изборот е: Интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација и економско уназадување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Во последните неколку години економските и интеграциските политики на СДСМ донесоа поголеми плати и пензии и економската стабилност во услови на повеќе кризи.

Податоците се особено јасни ако се спореди со времето на ДПМНЕ, кога земјата беше 11 години во изолација и скарана со целиот демократки свет.

Стапката на невработеност во 2016 година беше речиси 24%, СДСМ успеа да ја намали драстично и денес е околу 14%. Само за една година имаме зголемена вработеноста од 9,5%.

Минималната плата на работниците во државата, во 2016 година со ДПМНЕ изнесуваше 10.000 денари а во некои сектори и 8.000 денари.

СДСМ неколкупати ја зголеми минималната плата и од оваа година изнесува 21.000 денари. Двојно повеќе во однос на ДПМНЕ.

Просечната нето плата во 2016 година изнесувала околу 22.000 денари. СДСМ го оствари изборното ветување пред време и во 2023 година, просечната нето плата е историски највисока и изнесува 37.000 денари.

Со политиките на СДСМ 230 евра месечно повеќе во семејниот буџет на работниците во државата.

Просечната пензија СДСМ ја зголеми за 40%, во однос на времето на ДПМНЕ во 2016 година.

Успешните економски политики заедно со интеграциските политики даваат резултат.

Со членството во Европската Унија овие економски резултати ќе бидат значително поголеми.

Во првите 5 години од членството работниците ќе имаат повисоки плати од 70 до 100 проценти.

Затоа СДСМ е посветена на интеграцијата и членството во ЕУ, за поголеми плати и пензии.

Тоа ДПМНЕ го блокира со своите неразумни постапки, блокираат поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард.

Тоа е изборот пред пратениците, интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација, стагнација и економско уназадување.

Последни вести