Прес-конференција, Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром
Почитувани,
Половина мандат Тимчо Муцунски во Аеродром потроши на лажни ветувања. Иако наследи полна општинска каса, за половина мандат Тимчо Муцунски не успеа да започне ниту една капитална инвестиција.
Ова се само дел од лагите што Муцунски ги ветуваше за првата половина од својот мандат.
4 нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долоно Лисиче, од кои најмалку една требаше да биде пуштена во употреба до крајот на 2022 година, останатите до крајот 2023 година.
Половина мандат помина, нова градинка во Аеродром нема. Ни во Мичурин, ни во Острово, ни во Лисиче, ни во Долно Лисиче.
Во првата половина од мандатот Муцунски вети и проширување на објектите на градинките Сонце и Лале, како и реконструкција на градинката во населба Лисиче. Ништо и од овие ветувања.
Никако да му се израдуваме и на паркот Радост на 6.000 метри квадратни во Реонски центар кај станицата за технички преглед. Требаше да биде готов уште лани. Мицкоски присуствуваше на почетокот на активностите за подигнување на паркот.
Во првата половина од мандатот на Муцунски, Општина Аеродром требаше да добие и нова гимназија, нова општинска зграда, нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром, нов мулрифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, нова спортска сала во Долно Лисиче, Музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче. Ништо од ова не е реализирано и нема да биде реализирано ни до крајот на мандатот.
Не е формиран ниту ветениот енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром, планиран за 2022 година.
Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари до крајот на 2022 година. ВМРО-ДПМНЕ упорно ги одбива амандманите на СДСМ и коалицијата со кои се предвидуваа средства за оваа намена во Буџетите за 2022 и 2023 година.
Ништо и од стратегијата за млади. Ништо и од стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари. Ништо и од спортските субвенции за млади во износ од 600 денари.
До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени и сите постапки за легализација.
Реалноста поразителна, со ова темпо постапките за легализација нема да ги заврши ни до крајот на мандатот.
Ако е ова новата иднина на Муцунски, доволно е.
Сега е сè е јасно. Жителите на Аеродром се излажани. Програмата на Муцунски е само обичен список на лажни ветувања.
Половина мандат потрошен на лаги. Тоа е реалноста на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.