Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Резултатите од економските политики на СДСМ се отсликуваат и во трендот на зголемување на домашните инвестиции.
Во изминатите шест години СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за домашните компании, преку законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Досега се поддржани 919 македонски компании.
Овие компании веќе имаат реализирано инвестиции од 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период.
Тоа се 800 милиони евра инвестиции од страна на македонските компании, што претставува инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан.
Она што е особено важно, овие домашни компании обезбедуваат отворање на нови и добро платени работни места, со плати над просечните.
Ако невработеност во време на ДПМНЕ, во 2016 година била речиси 24%, денес е ниво под 14%.
Дополнително, за само една година, имаме зголемена вработеност од 9,5% во државата.
Македонската економија е стабилна, расте и во време на глобални кризи.
ММФ ги подобри проекциите за раст на македонската економија а Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација која и понатаму ќе се намалува.
Потенцијалот на македонската економија за раст ќе се зголемува како што земјата се приближува кон ЕУ преку реформскиот пат за структурни реформи и јакнење на економијата.