fbpx

2 години локална власт на ДПМНЕ во Неготино а резултатот е нула

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

После 2 години локална власт на ДПМНЕ во Неготино резултатот е буквално НУЛА.

Ветените проекти во изборната програма на градоначалникот Горан Стојанов не се реализирани, Неготино стагнира а граѓаните плаќаат поскапи сметки за дури 100%.

ДПМНЕ и Стојанов во Неготино ги покачија давачките за данок на имот и ги поскапеа комуналните услуги.

Ветениот нов рекреативен Центар кај спортската сала Младост не го реализираа.

Го нема ниту проектот за нов плоштад, ниту нов градски пазар. Иако за овој проект има целосно изработена документација од минатата локална власт на СДСМ.

Сеуште нема резервоар и потисен цевковод во Тревник иако средства се обезбедени од централната власт за оваа намена.

Ниту едно ветување не е реализирано.

Две години локална власт на ДПМНЕ и Стојанов во Неготино се загубени години. Едно големо ништо. Резултати нула.

А скандалите и несоодветната работа се секојдневие за локална власт на ДПМНЕ.

700.000 евра обезбедени средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, но дали граѓаните знаат за што овие средства ќе бидат искористени.

Граѓаните не се информирани за трошењето на општинскиот буџет, бидејќи градоначалникот не е доволно транспарентен во неговото работење.

Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега.

Последни вести