fbpx

Советниците на СДСМ поднесоа претставка до ДКСК за скандалот „кумска врска“ во општина Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Трајче Стојчевски, советник во Советот на општина Штип и потпретседател на СДММ

Почитувани граѓани, како што најавивме денеска советничката група на СДСМ во општина Штип поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција за скандалот „кумска врска“.

Очекуваме во рамки на своите надлежности, ДКСК да постапи, да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип и да утврди дали постои судир на интереси.

Јавноста е запознаена за овој скандал што ја тресе општина Штип раководена од градоначалникот од ДПМНЕ, Иван Јорданов.

Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет.

Дополнително освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Повикуваме ДКСК да отвори предмет за скандалот и да утврди, како тоа пари на граѓаните завршуваат во џебовите на семејно-кумските врски во Штип?

Последни вести