fbpx

Охриѓани чекаат одговор на чија сметка е егзотичното патување на Пецаков?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лазе Танески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

После 2 години поразителен е заклучокот: Охрид ја има најнеспособната локална власт досега на чело со Кирил Пецаков и ДПМНЕ.

Актуелен е скандалот со егзотичното крстаење на градоначалникот, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет.

Со денови охриѓани чекаат одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?

Додека ги зголемува цените на услугите по јавните претпријатија за охриѓани должен е да излезе и да одговори пред граѓаните.

Со ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат повисоки сметки за над 40%, поголема цена на паркинг, за гробарина за 75%, за градски пазар за 35%.

Поминаа 2 години а освен скандали во Охрид локалната власт на ДПМНЕ ништо не работи. Резултати НУЛА.

Единствено СДСМ преку Владата којашто ја предводи вложува во Охрид и реализира проекти.

СДСМ вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот на општина Охрид е исплатен повеќе од половина токму со помош на Владата на СДСМ.

Санација, преземање на долгот и управувањето со Колекторскиот систем е исто така дело на СДСМ.

Успеавме да го зачуваме и престижниот статус на нашиот бисер, Охридското езеро останува на листата на УНЕСКО.

Тоа е суштинска разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ во Охрид.

Последни вести