fbpx

Јован Митрески ќе биде предложен за Претседател на Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарски прашања, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Прашање: Дали за СДСМ е прифатлив предлогот на ДУИ, Талат Џафери да биде технички премиер и кој ќе биде претседател на Собранието?

Одговор: Да, сметаме дека Талат е соодветно и добро решение. Претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажа состанок на раководството на СДСМ. На овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.

Прашање: Што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбијат да бидат дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложат министри и заменици министри?

Одговор: Ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите нема да им успее. Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза, зборував и во пресот за нив. Како што досега не усепа така нема ниту овој пат. ДПМНЕ има проблем од друга природа. Но се што трврдеа досега излезе обратно.

Последни вести