Изјава за медиуми, Влатко Бислимовски, советник на СДСМ во Советот на Општина Карпош
Почитувани,
Советничката група на СДСМ во Општина Карпош се заложува за хумана урбанизација и хумано живеење.
Во оваа насока советничката група не поддржува проекти со огромни висококаници да никнат во Тафталиџе. Тоа нема да го дозволиме.
Ова место во Карпош е главниот проток на воздух во градот и така треба да остане.
Секако дека на Општина Карпош и се потребни инвестиции, меѓутоа на соодветно место и со соодветна инфраструктура.
Најостро ги демантираме изјавите на советничките групи на ДПМНЕ и ЛЕВИЦА кои заедно континуирано ја опструираат работата на советот и општината, во спротива на интересите на граѓаните.
Опструкциите на ДПМНЕ со 4.000 амандмани за носење на буџетот не е бојкот за носење на било кој ДУП, ниту пак доказ за работа и посветеност, туку конкретна опструкција на работата на Советот и Општината.
4.000 амандмани во кои на пола е сменета само 1 бројка се доказ за деструкција и бојкот на советот за тотална нефункционалност на општината.
Ние како советници сме должни да работиме само и само во интерес на граѓаните, без никакви драми, одолжувања и бојкоти.