fbpx

100 дена техничка Влада ќе бидат единствените денови кога ДПМНЕ ќе биде власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Во изминатиов период се изнаслушавме различни хаотични ставови, неконзистентни ставови од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.

Еднаш кажуваат дека нема да учествуваат, го спореа и Талат Џафери како премиер на техничката Влада, кажуваа дека немало потреба од техничка Влада за сега да слушнеме дека ќе бидат дел од техничката Влада.
Морам да кажам дека добро е тоа, добро е што прифатија да ја испочитуваат законската обврска но и улогата и обврската што ја имаат како опозиција.

Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и добро е да им ја даваме оваа можност на секои 4 години.

Последни вести