fbpx

Убиство, запалено кафуле, тепан полицаец, некадарност на ДПМНЕ или вмешување во бизнисот со дрога?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани,

Во еден ден во Скопје се случи убиство а потоа беше запален и кафе бар.

Според првичните информации од медиумите станува збор за криминална пресметка на лица од подземјето.

Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голема некадарност во водењето на МВР.

ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот. Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност.

Но, овој случај открива и подлабоки сомневања.

Само пред неколку дена обезбедување на Мицкоски тепаше полицаец пред познат скопски локал попречувајќи полициска акција против дрога.

Се уште нема одговори во јавноста која беше улогата на обезбедувањето на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?

Денеска Ковачки нема да излезе пред МВР и нема да побара одговорност од Тошковски.

Денеска ДПМНЕ нема да излезе во јавноста со обвинување за него дека ја направил Македонија како Колумбија во 90-тите.

Но, вистинското прашање јавно го поставуваме.

Дали е само неспособност на кадрите на Мицкоски во МВР или структури блиски на ДПМНЕ се обидуваат да се вмешаат во нелегалните бизниси со дрога?

Последни вести