Прес -конференција, Методија Илиески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола
ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела!
На една страна е градоначалникот, Тони Коњановски и неговите приврзаници, на друга страна се советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а на трета страна е Општинскиот комитет во Битола.
Расколот во ВМРО – ДПМНЕ Битола се случува после дебаклот со собраните потписи за поддршка на Силјановска.
И покрај сите притисоци кои ги правеа, не ја добија очекуваната поддршка од битолчани!
Два дена подоцна, советниците од ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на својот градоначалник, Тони Коњановски.
Не гласаа за завршната сметка што тој ја предложи, а две и пол години го фалеа дека фантастично работи.
СДСМ и коалицијата во советот на општината нема да дозволат Битола да биде заложник на расколот во ВМРО – ДПМНЕ и ќе ги заштитиме интересите на граѓаните.
ДПМНЕ не може да донесе никаква позитивна или суштинска промена кон подобро. Иако имаат 2 години локална власт во Битола не направија ништо.
Во ДПМНЕ војуваат кој да биде пратеник, а граѓаните на Битола уште војуваат со кал и ископани улици.
Со Тони и ДПМНЕ Битола тони! Затоа, битолчани ќе го казнат ДПМНЕ на следните избори!