Прес-конференција, Снежана Калевска -Ванчева, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Гордана Силјановска е лице на ДПМНЕ. Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите четири години е доказ дека таа ги негува вредностите на изолација, затвореност и безнадежност кои се главна карактеристика на партијата од Белата палата.
Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски се две страни од иста паричка, паричка за поткусурување на европската иднина на Македонија.
Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска. Напротив, нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија.
Мицкоски и Силјановска отворено кажуваат дека се подготвени да не прават ништо и на тој начин да ги блокираат преговорите со Европската Унија. Со нив државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе ја обвинуваат Европската Унија.
Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат. Едниот избор е СДСМ и Стево Пендаровски за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот избор е ДПМНЕ и Силјановска за изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.