Изјава за медиуми, Милена Стевановиќ, членка на ИО и кандидатка за пратеник на СДСМ во ИЕ 1
Го честитам Светскиот ден на здравствените работници, ден кога е важно да ја подигнеме и свеста за нивното значење, но и свеста за подобро здравје на граѓаните.
Честа е за можноста што денеска ја имам да зборувам на една мала трибина со студентите од медицинските факултети од нашата држава за сериозна тема: „Иднината на медицината во рацете на младината“.
Ќе зборуваме за нивните потреби во текот на студирањето, можност за нивно специјализирање, градење, усовршување во нашата држава, но најзначајно можеби за потребата на нашата држава од нив, од нивната експертиза, знаење и професионализам.
Јас и колегите ќе споделиме искуства, 25 годишно клиничко искуство, изградено во нашата држава и искуството од работата во странство. Секако и за искуството од големата Ковид криза, што беше школо.
Значајно е да кажеме дека пандемијата ги помести приоритетите, но и покрај сите предизвици успеавме да реализираме значајни проекти. Обновени се рекорден број здравствени болници и објекти, реконструирани, практично, речиси целиот клинички кампус, клиничките болници, клиники и операциони сали, интренистичкиот блок, болниците низ државата.
Обезбедивме најмодерни лекови за многу болести кои претходно не ги лекувавме.
Планот за во иднина е секој лек да го добие оној на којшто му е потребен, без ограничување и лимитирање.
Добро здравство не може да има без мотивирани здравствени работници.
Планот на веќе постигнатиот и покачен стандард на здравствениот работник е да во наредните 4 години обезбедиме повисоки плати, специјалистите во терцијалното здравство да имаат плата до 180 илјади денари, во во секундарното до 140 илјади денари, високо образованите медицински сестри – 90 илјади, а медицинските сестри со средно образование до 60 илјади денари.
Секако, клучни се и капацитетите на нашата стручност. Минатиот период обезбедивме 1.000 специјализации, а наредните четири години планот е да има уште 1.000 специјализации, платени и обезбедени од државата.