fbpx

Маричиќ: Гласот за Пендаровски е глас за големиот бран за победа на европска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Гласот за бројот еден на гласачкото ливче е гаранција дека Македонија нема да се враќа кон режимот. Гласот за нашиот претседател Стево Пендаровски е глас за огромен исчекор од Балканот кон Европа“, истакнува во својата порака на социјалните мрежи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ, со којашто ги повикува граѓаните во среда, на 24 април, масовно да излезат на гласање за да ја донесат вистинската и многу важна одлука“.

Во повикот за поголема излезност на изборите Маричиќ укажува дека „Првиот круг на претседателските избори е екстремно важен“.

„Да не оставаме на случајности. Вашиот глас е вашата сила. Употребете го вашиот глас како личен придонес кон подобра европска иднина за вас и за Македонија“, потенцира Бојан Маричиќ од СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Маричиќ потсетува дека претседателот „Стево Пендаровски покажа дека е Претседател на сите граѓани. Цврсто го држи заедно македонското општество и застана како бедем против делбите. Тој е најдобриот претставник на нашата држава пред светот, тоа веќе го покажа на дело“.

„Драги сограѓани, уште во првиот круг на 24 април да излеземе масовно и да покажеме дека огромното мнозинство гласови за Стево Пендаровски е најава за победата и на парламентарните избори на 8 мај. Вашиот глас за нашиот претседател Пендаровски на 24 април, го крева бранот за победа за европска Македонија“, нагласува секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ.

Последни вести