fbpx

СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на сослушување за информациите за дестабилизација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Мицкоски од вчера молчи на повициите на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија.

Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, зошто тоа не го прави?

Премиер кој кажува дека има информации за нарушување на безбедносната состојба и мирот во земјата, а ништо не презема околу тоа е директен соучесник на евентуално сценарио.

Доколку тоа го прави само а да ги заплаши граѓаните и да манипулира со нивните чуства обидувајќи се да ја смени темата од скандалите кои ја пратат неговата влада, тогаш станува збор за човек кој му мисли лошо на својот народ.

Секоја најава за дестабилзиација значи грч за граѓаните, грч за економијата, страв и тензија во општеството. Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира.

Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Силјановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обивнителството да покрене истрага и да го викен Мицкоски на сослушување.

Линк до видео:

Последни вести