Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Тошковски е одговорен за да го обезбеди куќниот притвор, тој е одговорен за бегството
Очаен е обидот за спинување на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно судот е крив што го ставил во куќен притвор Блерим Рамадани. Тошковски и МВР се задолжени да го обезбедат куќниот притвор на притвореникот, кого се обидуваат да излажат? Зар мислат дека СДСМ не ги знае процедурите и одговорностите.
Тошковски сноси директна одговорност за бегството на Рамадани и за тоа треба да има одговорност. Но прашањето кое треба да го одговорат не дали избегал туку дали го пуштиле? Дали ова е дел од договореното меѓу Мицкоски и Курти и барање на ВЛЕН? Дали Мицкоски уште еднаш мижи пред законите да му удоволи на албанскиот коалициски партнер?
Прво го бранеше Гаши за обезбедувањето и одби да го смени, а сега пушта притвореници на слобода по нивно барање.
Линк до видео: