fbpx

Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на претседателот Венко Филипче

Претседателот на СДСМ денес одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8. Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.

„Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“ – рече претседателот Филипче.
Тој го осуди однесувањето на Мицкоски кој од говорница и преку прес конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.

„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“ – рече претседателот Филипче.

Последни вести