fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје

На почеток на учебната година и учениците, и родителите и граѓаните на Скопје мака мачат со градскиот превоз.

Автобуси речиси и да нема, тие што ги има доцнат, или воопшто не доаѓаат на автобуските станици.
Учениците не можат навреме да дојдат на училиште, граѓаните на работа.

Автобусите што ги има се преполни, често се расипуваат и се небезбедни. Дополнително, денес не возат ниту дел од приватните автобуси.

На Скопје му недостасуваат најмалку 100 автобуси за да може ЈСП нормално да си ја извршува дејноста.

Ете, тоа е сликата на 1 септември, после 3 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз.
Нема ниту М од модерно Скопје, какво модерно, ова е срам за Скопје.

На последната седница на Советот на Град Скопје, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за набавка на нови автобуси.
Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема и бесплатниот превоз.

ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остава скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град.

Линк до видео:

Последни вести