Почитувани граѓани,
Јорданов и ДПМНЕ успеаја за три години власт да го претворат Штип од зелен и еколошки град, во депонија на Истокот.
Депонијата често гори, а нови диви депонии никнуваат секој ден.
Во интерес на вистината и здравјето на граѓаните, го прашуваме Јорданов и локалната власт на ДПМНЕ:
Дали е точно дека изминатите денови камиони од други градови биле фатени како истураат ѓубре и смет на штипската депонија?
Доколку овие информации се точни, Јорданов е должен да одговори кој тоа дозволил да се носи смет и токсичен материјал од другите градови на штипската депонија ?
Дали е точно дека минатата ноќ овој смет бил запален при што депонијата гореше доцна во ноќта?
Дали Јорданов планира од Штип наместо економски и културен центар на Истокот , да го претвори во централна депонија на Истокот?
Дали здравјето на штипјани е помалку важно од здравјето на жителите од околните градови?
Граѓаните заслужуваат одговори!