Изјава за медиуми, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност,
ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ.
Ова што денес го видовме на седницата на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста.
Злоупотребувајќи го мнозинството тие денес спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната.
Ова денешно однесување на власта покажува само едно, тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски капацитет за владеење на правото.
Казна е за Република Северна Македонија, вакво недемократско мнозинство да спроведува реформи на безбедосните служби.