Соопштение за јавност
Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство
Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:
Вечерва се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес. Состанокот помина во одлична атмосфера и позитивна атмосфера, со многу енергија и ентузијазам кај новите членови на Централниот одбор.
Се избра новото партиско раководство, членови на Извршниот одбор, понатаму генералниот секретар, тоа е Александар Димитријевиќ. Се избраа потпретседателите на партијата, Кристина Костова од Штип, Менде Илиевски од Битола, поранешната министерка Каја Шукова и професорката Ана Чупевска од Правниот Факултет, двајцата организациски секретари, поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од Општинската организација Центар.
Оваа енергија, оваа одлична атмосфера којашто ја имавме вечерва е само доказ дека консолидацијата не само што е започната, туку таа многу добро се одвива на сите нивоа во партијата. Вечерва избравме луѓе коишто имаат многу силен личен интегритет, многу знаење и искуство во своите области на делување претходно, коишто верувам дека со сета сила и знаење ќе се вложат во периодот којшто следи.
Имаме веќе план за работа. Многу силна и многу интензивна работа почнува веќе утре. Направен е план за посета на сите општински организации. Има насоки за промена во делувањето, комуникацијата со луѓето, начинот на коишто ќе допреме до членовите и симпатизерите, на оние коишто од некои причини не гласаа, се налутија, останаа дома, гласаа за друг политички субјект, веќе пристапуваат поради, и сме подготвени да ги слушнеме сите нивни предлози и во еден широк инклузивен процес да ги вклучиме сите наши членови и симпатизери во процесот на креирање на политики.
линк до новиот состав на ИО