Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ
Мицкоски сака да го партизира судството побрутално од времето на Груевски
Власта на ДПМНЕ и Мицкоски наместо да спроведува реформи сака да го стави правосудниот систем под нивна контрола и да го користи како алатка за партиски цели.
Притисокот врз Судскиот совет е дел од широка стратегија на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судствотото. Процес којшто е дури и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски.
Заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем и тоа носи долгорочни последици и за правниот систем и за демократијата.
СДСМ стои зад потребата од реформи во правосудството со вклучување на странски експерти и со меѓународен мониторинг. Овие реформи треба да бидат водени од европските стандарди, а не од партиски агенди на власта.