Прес-конференција, Лолита Ристова, членка на Извршниот одбор на СДСМ
Почитувани,
Цените на производите во продавниците и понатаму растат, граѓаните живеат сè потешко и потешко, народот станува се посиромашен.
Тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во месец ноември оваа година достигна 4,3% .
Оваа бројка не е само статистика, туку покажува колкав е ударот врз џебот на секој наш граѓанин, врз секој семеен буџет.
Владата води целосно погрешна економска политика, дека мерките со така наречените „кошнички“ немаат никаков ефект, напротив, цените растат инфлацијата ги јаде платите, а стандардот на граѓаните опаѓа.
Споредбено октомври во 2023 година со октомври оваа 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5 проценти, а цените на мало се зголемиле за 3,9 проценти за овој период.
Ова е потврда дека „есенската кошничка„ не даде никаков, буквално никаков резултат.
На едно четиричлено семејство, му требаат 62.021 денари за да може да го помине месецот.
Новогодишната „кошничка“, која ја сега повторно се најавува исто така нема да има никаков ефект затоа што власта им остави време на трговците кои веќе ги зголемија цените.
Кошничките се лага и измама, додека Владата го храни народот со лаги цените само растат а платите стојат.
Животот во Македонија со власта на ДПМНЕ станува луксуз за обичниот човек.
Ова не е грижата што народот ја заслужува.
СДСМ уште еднаш бара итно прифаќање на предлозите кои ги даде СДСМ кои докажано функционираат и ќе ги намалат цените вистински и на долг рок. Прво со укинување на ДДВ за храна а потоа и со покачување на платите.
Доста е од лаги и манипулации кои граѓаните сами ги препознаваат во маркетите. Секоја лоша политика на Мицкоски удира директно по џебот на граѓаните.
Крајно време е Владата нешто да почне да работи за да го заштити стандардот на граѓаните. Во спротивно, оваа зима ќе остане запаметена како периодот кога народот скапо ја платил нивната неспособност.