fbpx

Костова: Созреана е потребата од 500 евра минимална плата во 2025 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – прес конференција на СДСМ

Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството. Повеќе од кога било е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада, рече на денешната прес конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

-Со ова темпо на раст на трошоците за живот, веќе е созреана потребата од 500 евра минимална плата, за да можат граѓаните да имаат пристоен живот и да ги покријат основните месечни потреби за храна и услуги. Ако Владата и Мицкоски навистина се грижат за граѓаните како што кажуваат, тогаш во 2025 година ќе ја зголемат минималната плата на 500 евра, за да се заштити стандардот на работниците и нивните семејства, рече Костова.

СДСМ, како одговорна партија нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството.

-Повторно повикуваме, да се прифатат нашите предлози за повисока минимална плата и за укинување на ДДВ за храна. Ова се решенија кои се во интерес на сите граѓани. Сите ние носиме одговорност да им помогнеме на граѓаните да имаат пристоен живот.
Доста е веќе од лаги и лажна грижа, граѓаните заслужуваат и очекуваат Влада која се грижи и работи за нив, рече потпретседателката Кристина Костова.

Последни вести