fbpx

СДСМ против укинувањето на „недела неработен ден“: Тоа е нов удар врз работниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Шест месеци Влада на ДПМНЕ и Мицкоски беа доволни за да видиме како се уриваат стекнатите права на работниците, како им се погазува достоинството и им се намалува животниот стандард.

Граѓаните, работниците се соочуваат со економска несигурност и постојано осиромашување. Додека сè поскапува, работниците не можат да се ги дозволат ниту основните производи пред празниците, платите се заковани и не мрдаат.

Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитатата а работниците ги третираат како евтина работа сила.

Власта не прифаќа покачување на минималната плата, им удоволува на големите трговци и бизнис партнери кои се богатат на грбот на народот.

Како тоа да не е доволно, власта подготвува нов удар врз работниците: укинување на „недела неработен ден“.

Овој проект СДСМ го воведе за да им овозможи на стотици илјади работници гарантиран слободен ден, да имаат повеќе време за нив и за нивните семејства.

Оваа политика беше поздравена од граѓаните и работниците, а сега се доведува во прашање под притисок на трговците и бизнис интересите на власта.

Со оваа одлука Мицкоски и ДПМНЕ директно го потценуваат трудот на работниците и ја негираат важноста на нивниот одмор и времето за семејството.

Во време кога во општеството се соочува со се поголеми предизвици во самите семејства, девијантни однесувања, сегрегацијата, булинг во училиштата оваа одлука е крајно лоша и со големи негативни последици за општеството.

Власта сака од работниците да направи робови кои ќе работат за елитата и бизнис партнерите на Мицкоски да се богатат и да уживаат.

Изговорите на власта дека во одредени дејности и сега се работи и дека поради тоа треба сите да работат во недела воопшто се неиздржани.

Прво, работат мал број на дејности во кои производство е во таков процес да не смее да се прекине, работат аптеки, пекари и така натаму. Целите на секоја Влада треба да биде намалување на овие дејности а не зголемување.

Затоа, СДСМ е категорично против укинувањето на недела неработен ден, тоа е директен удар врз работниците, нивното достоинство и нивното слободно време.

ДПМНЕ мора да престане со сервилноста кон елитата и да започне да работи во интерес на народот.

Ние како партија остануваме цврсто на страната на граѓаните, на страна на работниците бранејќи ги нивните права и интереси.

Последни вести