Каранфилова – Пановска: За Унгарскиот кредит граѓаните и компаниите ќе платат ефективна камата од 5,2%
Каматната стапка од 3,25% годишно изгледа конкурентна во споредба со просечните каматни стапки за државни заеми во регионот. Сепак, договорената дополнителна каматна стапка од 1,95% за 250 милиони евра што ќе се пласираат преку комерцијалните банки значи дека граѓаните и компаниите ќе треба да подмират ефективна камата од 5,2%, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска на денешната прес конференција.
За споредба, додаде таа, домашните банки нудат кредити по каматни стапки под 5% односно просечна каматна стапка од 4,78%.
-Ова значи дека кредитите од унгарските пари не се конкурентни на домашниот финансиски пазар, т.е. ќе го чинат стопанството поскапи пари, а со тоа намален потенцијал за економски раст, потенцираше Каранфилова – Пановска.
Дополнителниот финансиски товар за државата не се ограничува само на каматната стапка или провизиите за неповлечени средства, туку и на скриените трошоци за правни услуги, кои носат значителен ризик, додаде таа.
-Сите овие факти и бројки, го потврдуваат она што го говоревме од почетокот – овој кредит не е економска одлука, туку чисто политички договор. Постигнат „во четири очи“ помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Виктор Орбан, без никаква јавна дебата, без консултации со релевантните институции, без водење сметка за интересите на граѓаните и државата. Задолжувањето е резултат на блиските односи меѓу двајца политичари, а не на реалните економски потреби на граѓаните. Тоа ја прави Македонија зависна од Унгарија и го загрозува нашиот политички и економски суверенитет, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.
Лhttps://www.youtube.com/watch?v=Frtwf5MQVtE