Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод 153 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна!
Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава. Ние денес треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија.