Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Дрзок непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Непотизам царува во Владата на Мицкоски.
Безочно и без осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните.
Последен е скандалозниот случај со Љупчо Андоновски, татко на министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски.
Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата.
Братот пак на министерот Стефан, Игор Андоновски, е нзаначен за началник на одделот на АНБ за град Скопје пред неколку месеци.
Значи едниот син министер во Владата на Мицкоски, другиот началник во АНБ а таткото Советник во Влада.
Ова е класичен пример на непотизам и судир на интереси. Ова е срам и навреда за граѓаните.
Бараме Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет и да постапи.
Додека илјадници млади и способни луѓе заминуваат од државата во потрага по работа, високите позиции во институциите се резервирани исклучиво за роднините на сегашните и поранешните функционери на ДПМНЕ.
Нели ДПМНЕ ветуваше пред граѓаните дека ќе нема непотизам, дека ќе има департизација и дека нема со врски да се вработува.
Епа еве, се погазија.
Додека младите се иселуваат од државата барајќи добра работа и мерит систем, партискиот непотизам царува во владата на Мицкоски.
Ова уште еднаш ја покажува вистинската природа на оваа власт – наместо компетентност и заслуги, пресудни критериуми за добивање работа и функции се семејните и партиските врски, однос неспособноста.
Затоа, бареме и очекуваме Антикорупциската комисија во најбрз можен рок да постапи во согласност со своите надлежности и да ја заштити државата од вакви скандалозни злоупотреби.
Македонија мора да биде праведна и правна држава, а не држава на непотизам и корупција!